Рикардо: Рејсинг Поинт е тимот кој треба да се победи за 3то место

Возачот на Рено, Даниел Рикардо, смета дека Рејсинг Поинт се најсилна екипа во врвот од средината на поредокот и дека таа екипа треба да се победи за да се стигне до 3то место.ди

Австралијанецот финишираше на подиум односно на 3то место на две трки од последните три за да го подигне тимот на 3то место во конструкторскиот поредок со поен предност во однос на Рејсинг Поинт и на Мекларен. Сепак, тој смета дека на четири трки пред крајот, “розевиот Мерцедес“ е најбрз болид и тим кој треба да се победи на останатите четири трки до крајот на првенството.

на почетокот на годината беше навистина очигледно деја рејсинг поинт беа најбрзи во средината и никој не го негираше тоа. сметам дека веројатно произведуваат најмногу потисна сила споредено со нас и со мекларен, а кога се работи за грипот, поизедначени сме.

но, тоа не е секогаш се, веројатно изгледаше така на почетокот, но нашиот развој беше силен и многу ни помогна поради што сме многу блиску едни до други по перформанси. но сеуште сметам дека имаат блага предност – анализира рикардо.

Спортскиот директор на Рено, Алан Перман, смета исто како и Рикардо иако посочи дека Ајфелското Гранд При покажало дека перформансите на трите екипи се разликуваат во зависност од патеката.

за жал, болидот на рејсинг поинт е најбрз од трите и ако го погледнете чеко на портимао кога се пробиваше низ поредокот, имаше неверојатен ритам и ако не излеташе ќе завршеше навистина многу високко.

но, на нирбургринг ги победивме, но не беше воопшто лесно. ако не утнавме со стратегијата коа сакавме да искористиме од виртуелното безбедносно возило ќе беше многу полесно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ