Рикардо смета дека бил престрого казнет

Даниел Рикардо смета дека бил престрого казнет во два наврати поради она што се случило во последниот круг од Француското Гранд При.

Австралијнаецот по крјаот на трката беше на 7мо место, но доби две казни од по две секунди кои го “спуштија“ официјално на 11то место на крајот од трката. Сето тоа поради претекнвуањето надвор од патеката на Ландо Норис, истуркувањето на британецот и начинот на кој го мина Кими Раиконен на Мистрал правецот.

Дани сфаќа зошто е казнет за потегот кон Кими, но е во прашалници што погрешил на шиканата претекнувајќи го Ландо Норис.

сметам дека две казни се премногу строга одлука. добив една и сфатив зошто е затоа што претекнување на тој начин надвор од патеката секако дека не смеев да направам. мислам дека ја направив тркаа поинтересна ако треба да сум искрен.

сепак, две казни кои ме донесоа надвор од поени сметам дека е премногу строго. со една казна ионака ќе паднев на 10то место, така што требаше да ми осават барем еден поен што се обидов да се борам.

немам ништо против пјер гасли, но тој не беше дел од нашата борба, а на некој начин ми го украде поенот, но тоа е веќе готово, ја преболив казнатав – смета рикардо.

Австралијанецот смета дека инцидентот со Норис и Раиконен требало да се третира како еден затоа што сите возеле во колона еден зад друг.

знам дека во одреден момент бев надвор од патеката и нема збор за тоа, така што мислам дека тоа беше еден инцидент, а не два одделни. за делот со ландо не се согласувам затоа што мислам ако ниишто друго, тој не забави и не текнав предност која подоцна ми помогна да го минам.

Возачот смета дека за инцидентот придонела и природата на патеката Пол Рикар со огромнтие асфалтни површини кои му го олесниле изборот штом тргнал да претекнвуа.

патеката воопшто не помага. ставете песок таму, ставете нешто и тоа ќе не спречи да минуваме. сеуште мислам дека ќе се обидев и да имаше песок таму, но моеби тогаш немаш да бидам казнет туку ќе бидев надвор од трката. поради тоа не ги сакам големите, широки и отворени патеки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ