Рикардо: Со Окон ќе донесеме позитивна динамика во тимот

Даниел Рикардо е оптимист дека тој и неговиот нов тимски колега, Естебан Окон, може да создадат конструктивна работна атмосфера во француската екипа во 2020 година.

По назначувањето на Окон како втор возач во Рено годинава, а откако Нико Хулкенберг беше отпуштен по крајот на 2019 година, со новото дуо, Рено се надева дека ќе притиснат и ќе се подобрат во поредокот, откако минатата година завршија позади Мекларен во генералниот пласман.

Иако Окон имаше тензична соработка со поранешниот тимски колега, Серхио Перез, во Рејсинг Поинт, Рикардо е убеден дека може да работат заедно со позитивна мисла.

Едвај чекам да работам со Естебан. секогаш е возбудливо да се почне сезоната со нов тимски колега. Ова е шанса да работам со нов возач и да ја развијам хемијата помеѓу нас двајца, а на крајот и да се притискаме еден со друг кон најдобрите резултати.

Мислам дека Естебан носи позитивна динамика, тој е млад и гладен. Пропушти една сезона во Формула 1, така што мислам дека ќе сака да покаже добри перформанси.

Иако не сподели многу околу личните цели во 2020 година, Рикардо смета дека е задоволен од своите напори и ќе го максимизира потенцијалот за себе, тимот и Р.С.20.

Имам неколку лични цели, но на крајот, сакам да си заминам од тркачки викенд сметајќи дека сум ја завршил работата и не сум оставил ништо. Ќе биде важно да го посветам целото мое внимание. Едвај чекам подобро да работам со тимот по цела сезона помината со нив. Работите ќе бидат полесни од одреден аспект. Откако ќе влезам во болидот во Барселона на тестовите, сметам дека ќе биде полесно.

Веќе го познавам мојот инженер, знам кои се целите, на што треба да работиме и кои се генералните карактеристики на болидот. Сето тоа значи дека можам веднаш да споделам информации и поради тоа ќе биде лесно да се прават споредби помеѓу Р.С.19 и Р.С.20.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ