Рич Енерџи ќе донесе одлука пред Сингапур

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека конечна одлука во врска со договорот на тимот со Рич Енерџи ќе биде донесена пред Големата награда на Сингапур.

Непосредно пред Британското Гранд При на Силверстон, производителот на енергетски пијалоци откри дека го прекинувадоговорот со Хаас, но потоа следуваше внатрешна битка помеѓу акционерите за превземање на контролата врз компанијата. Гунтер се сретнал со претставници на компанијата во Лондон неделава и изјави дека очекува финална одлука во врска со продолжувањето или преинот на нивната соработка.

ситуацијата се смири и треба да видиме како ќе продолжиме. прво мораме да бидеме смирени и да донесеме рационална одлука, а потоа ќе одлучиме како понатаму. во моментов нивните логоа се на нашиот болид како што гледате, но треба да решат дали сакаат да продолжат со нас или не.

тоа е нивна одлука, а не наша, нашата ќе следи потоа. тоа треба да се случи следната недела и се ќе биде во ред – најави стаинер.

Гунтер најави дека со следната трка во Монца само една недела по Спа, веројатно дека Рич Енерџи ќе донесе одлука во пресрет на Сигнапурското Гранд При. Тој повтори дека одлуката е целосно на компанијата и дека тие не може ништо да направат.

не сакам да навлегувам во некаква анализа на договорот затоа што тие треба да одлучат што сакаат нивната компанија да направи, да продолжи со нас или не. јас не сум вклучен во носење на таа одлука и не можам да коментирам поради тоа што не сум квалификуан за тоа. имам доволно проблеми самиот и не ми требаат и други.

ќе се договориме штом одлучат што сакаат да направат, ивнеститорите ќе ни соопштат и јас ќе ја прифатам таа одлука каква и да е. кога и да биде донесена одлуката, треба тоа да биде направено како што треба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ