Розберг верува дека Мерцедес ќе победи годинава

Нико Розберг го поддржа Мерцедес и верува дека тимот ќе дојде до победа оваа сезона иако имаа проблеми на стартот. 

Иако имаше апсолутна доминација од почетокот на турбо хибридната ера, сепак, со промената на правилата оваа сезона, тие имаа голем пад на перформансите. Тимот дојде до неколку подиуми, но сеуште немаат победа. 

До крајот на сезоната се преостанати уште седум трки и Розберг верува дека тимот сеуште може да победи. 

Сеуште има некои патеки кои му одговараат на Мерцедес, патеки со голема потисна сила и кратки правци. Мислам дека може да победат и тоа посебно Луис кој има најмалку по една победа во секоја негова сезона до сега. Ќе биде интересно да се следи текот затоа што Беа блиску на Зандворт. Тие стануваат се побрзи и побрзи – посочи првакот од 2016 година.

Сепак Розберг смета дека тоа нема да се случи на Монца бидејќи Ред Бул ќе има апсолутна доминација таму. 

Со нетрпение ја чекам Монца, но нема да биде како на Спа и Верстапен и Ред Бул ќе доминираат. Мислам дека ќе бидат многу силни.

Ферари ќе бидат блиску на квалификациите, но на трката ќе се мачат. Мерцедес ќе има сличен проблем на правците. Имаат многу отпор во болидот на правците и тоа ќе им штети. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ