Розберг: Пиастри ќе се бори за опстанок ако не го порази Норис

Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, верува дека Оскар Пиастри ќе се мачи да има кариера во Формула 1 доколку не успее да го победи Ландо Норис во Мекларен следната година.

Пиастри ќе го има своето деби на Формула 1 гридот со тимот од Вокинг во 2023 година, заменувајќи го Даниел Рикардо. Австралијанецот му се придружува на Норис во тимот, при што вториот ќе влезе во својата петта сезона со Мекларен во Формула 1. Британецот се претстави одлично од своето деби во 2019 година, освојувајќи голем број на подиуми и една пол позиција за време на неговиот досегашен ангажман.

Пиастри, кој може да се пофали со силно резиме во неговата јуниорска кариера, ќе треба да биде над Норис во поредокот за возачи ако сака да создаде кариера во Формула 1, според Розберг.

Тоа е храбар потег на Оскар, навистина е. Или ќе го победи Ландо или е надвор од спортот, така што е навистина, навистина тешко, но тој верува во себе И ако мислите дека сте толку добри, мора да се движите во таа насока.

За Оскар, ако сте млад возач и имате можност да се тркате за Мекларен, а можете слободно да го направите тоа, мора да ја грабнете таа шанса. Ваквите можности не се појавуваат постојано, па тој направи се како што треба.

Розберг го пофали Норис, велејќи дека тој може да биде светски шампион, што му ја отежнува задачата на Пиастри да го победи.

Ќе биде тешко за Оскар да се справи добро таму. Ландо е од светска класа, тој може да биде светски шампион, така што нема да биде лесно да се вози крај него и да се биде подобар од Даниел.

Рикардо е повеќекратен победник на трки, еден од најдобрите возачи во светот и смета дека е неверојатно тешко против Ландо. Оскар е сосема нов во овој спорт.

Сите индикации се дека Оскар навистина е една од тие идни суперѕвезди, Но навистина не можам да верувам дека одеднаш Рикардо заборавил да вози супер брзо. Затоа, мислам дека Ландо е тој што само настапува како светски шампион во моментов, тој едноставно вози неверојатно добро.

Значи, навистина мислам дека ќе биде голем, голем предизвик за Оскар следната година да биде блиску до Ландо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ