Рокит продолжуваат посветено со другите партнерства

Рокит објавија дека остануваат целосно посветени на своите други обврски во моторспортот, а во исто време бараат и нови можности откако дојде до раскин на нивниот спонзорски договор со Вилијамс.

Во Петок од Гроуб објавија дека се прекинува договорот за главно спонзорство со Рокит и покрај тоа што истиот е валиден до крајот на 2023 година. Не беше дадено никакво дополнително објавнусвање за раскинот на соработката која почна од почетокот на минатата сезона.

Откако се откажаа од Вилијамс, медиумите веднаш почнаа со шпекулации дали тие ќе ги испочитуваат своите останати спонзорски договори во моторспортот како оние кои ги имаат во женската В серија како и во Формула Е тимот на Вентури. Но, компанијата излезе со соопштение во кое јасно стави до знаење дека продолжуваат со исполнување на сите останати договорни обврски.

по објавата дека се прекинува договорот со вилијамс, рокит сака да ја искористи оваа можност да им посака на вилијамс се најдобро во нивните планови за потенцијална продаба на формула 1 екипата.

како групација, рокит останува целосно посветен на останатите моторспорт партнерства, а во исто време бара и дополнителни стратешки партнерства за во блиска иднина – изјави портпаролот на рокит.

Рокит првично стана главен спонзор на тимот на почетокот на 2019 година кога беше потпишан тригодишен договор со важност до крајот на 2021 година, но по само една година соработка, беше продолжен до крајот на 2023 година. Договорот со женската В серија исто така е повеќегодишен, а договорот со Вентури е потпишан лани и е со важност до крајот на 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ