Рокит раскинува со Вилијамс

Извршниот директор на Вилијамс, Мајк О`Дрискол, изјави дека падот на приходот на Групацијата е резултат на намалениот приход од комерцијални права, диреткно поврзани со неконкурентноста на Формула 1 екипата.

Тој објави дека тимот добил известување за предвремено раскинување на спонзорскиот договор со Рокит кој требаше да истече во 2023 година.

Финансиските резултати за 2019 година се одраз на неконкурентноста на тимот и падот на комерцијалните приходи.

Оваа сезона сеуште не е започната поради пандемијата и поради ова има дополнителен пад на приходот.

Тимот доби известување за раскинување на договорот со Рокит. Превземавме чекори да се намали ударот врз компанијата и вработените. Во глобалната криза, сите во Вилијамс го очекуваме стартот на новата сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ