Рос Браун е главна причина за интересот на Фолксваген во Ф1

Оперативниот и спортски директор на Формула 1, Рос Браун, е главна причина за одржливите горива кои ќе се воведат во Формула 1 и за интересот на Фолксваген преку своите брендови Ауди и Порше да стане дел од најпрестижната тркачка серија.

Веќе некое време се шпекулира дека двата германски бренда се заинтересирани за влез во спорто по 2026 година откако ќе се дефинираат новите правила за моторите и секако доколку им одговараат истите.

Браун постави амбициозна цел да ја направи Формула 1 повеќе одржлива во следните години, а чекор кон тоа се и одржливте горива кои не загадуваат како задолжителен дел од новите правила.

одржавме состанок каде тема беше иницијативата за одржливост и како да ја изедначиме конкурентноста во формула 1 во насока да имаме релевантност во иднина.

знаеме дека светот е пред огромен предизвик во врска со животната средина, но јас знам од моето формула 1 искуство дека ако на 10 екпи се даде предизвик, почнува буквално војна помеѓу нив. во моментов тема се одржливите горива.

најдоцна до 2026 година, можеби и порано, ќе мора да се тркаме со целосно одржливи горива кои не емитираат штетни гасови. начинот на кој горивото се произвоедува мора исто така да не биде штетен. ќе бие гориво произведено во лабораторија кое ќе може да се користи и во секојдневните автомобили, така што тоа е предизвик од огромна корист.

веруваме дека формула 1 може да биде пример за одржливи горива, начинот на нивно производство и користење, а тоа е огромна задача одржливоста како и помошта и решението за животната средина се следна фаза во формула 1.

поради тоа гледаме како производителите покажуваат многу голем интерес во спортот, затоа што гледаат дека ја цениме животната средина и не е тајна ако кажам дека фолксваген со порше и ауди се многу блиску до формула 1 токму поради тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ