Рос Браун: Рикардо би бил шампион со Мерцедес

Оперативниот шеф на Формула 1, Рос Браун, е убеден дека Даниел Рикардо ќе може да предизвиказа победи и за титула доколку добие можност да вози во тимот на Мерцедес.

За време на Големата награда на Емилија Ромања, австралијабнецот испорача подиум за Рено, втор на последните три трки и ја однесе екипата на 3то место кај конструкторите со само поен предност пред Рејсинг Поинт и Мекларен. Но, по две години минати во Рено, 31-годишникот следната сезона ќе вози за Мекларен, а Рос Браун смета дека ако тој добие добар болид од Вокинг, може да биде сериозен кандидат за наслов.

даниел рикардо е брилијантен возач, еден од најдобрите во формула 1. неговото возење до нов подиум беше импресивно и ако имаше мерцедес, немам сомнеж дека ќе победуваше и ќе се бореше за титула

во моментов е фантасеичен со рено и штета е што фабричкиот тим ќе го загуби иако на негово место ќе дојде фернандо алонсо. се надевам дека мекларен ќе му дадат добар болид догодина затоа што е многу важен член на формула 1 семејството – вели рос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ