Само членот на Мекларен бил позитивен на тестот

Промотерите на Големата награда на Австралија се во постојани контакти со ФИА, Формула 1 и Владата на државата Викторија во однос на последиците од фактот што член на Мерцедес имаше позитивен тест за корона вирус. Ендру Вестакот, шефот на трката, откри дека од 8те направени тестови а КОВИД-19 само еден бил позитивен, оној на членот на Мекларен, што предизвика откажување на “портокаловите“ од трката.

Вестакот откри и дека тестирано е уште едно лице кое е неповрзано со ниту една екипа или снабдувач, а неговите резултати се чекаат. Медиумите шпекулираат дека се работи за фотограф.

австралиската гранд при корпорација и формула 1 се советувани од раководното здравствено тело во викторија за резултатите од тестирањето за корона вирус на осум луѓе од формула 1 падокот.

од осумте извршени тестови седум се негативни и луѓето се вратени на своите работни места откако е потврдено дека немаат вирус. осмата индивидуа е позитивна за вирусот и истата е член на мекларен. како резултат на тоа, мекларен објавија дека се повлекуваат од гранд при трката.

во моментов дискутираме со формула 1, фиа и одделот за здравство во однос со последиците од овој добиен тест резултат.

дополнително е извршен тест и на деветта индивидуа за вирусот, но резултатите се чекаат. таа индивидуа не е поврзана со ниту една формула 1 екипа, фиа или снабдувач. штом детали бидат познати, истите ќе ги објавиме – гласи соопштението од австралиската гранд при корпорација.

Соопштениет објавија и Формула 1 и ФИА како раководно тело на тркачката сериа.

по резултатот од тестот на член на тимот на мекларен, формула 1 и фиа се во контакт со нив околу нивната одлука и се во координација со сите релевнатни власти за превземање на следните чекори. приоритет е безбедноста на фановите, екипите и сите вклучени во настанот.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ