Себ ќе вози 100 години стар Астон на Пол Рикар

Себастијан Фетел ќе има чест и задоволство да го проба првиот Астон Мартин болид кој се тркал на Гранд При трка и тоа викендов за време на Француското Гранд При на Пол Рикар.

Четирикратниот првак ќе го вози Астон Мартин ГП, болид стар повеќе од 100 години кој на 15 Јуни 1922 година се тркал токму на патеката крај Ле Кастеле. Тоа ќе биде второ возење со историски модели на четирикратниот првак откако на Силверстон го возеше својот Вилијамс од 1992 година со кој се тркал Најџел Мансел.

навистина сум нетрпелив затоа што се работи за многу стар болид, автомобил и ќе биде многу поразлично одошто она на што сум навикнат и што знам да го возам. има толку многу историја и фактот што тој примерок сеуште постои е во добра состојба е фантастично – возбуден е себ.

Сепак, тој изрази загриженост дека болидот ќе може без проблеми да се покрене.

прекасно е што ќе имам можност да го провозам автомобилод, но мислам дека ќеби огромен предизвик да се направи сето тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ