Сеидл: Инцидентите на нашите возачи беа непотребни

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека неговиот тим пропуштил одлична можност во Бразил минатиот викенд, каде и Даниел Рикардо и Ландо Норис беа инволвирани во непотребни инциденти на патеката.

Трката на Рикардо заврши во воведниот круг по судар со Кевин Магнусен од Хаас, додека Норис имаше контакт со Шарл Леклер од Ферари, но на крајот се повлече по дефект на моторот.

Очигледно, тоа што ни се случи е големо разочарување бидејќи имавме одлична можност – вели Сеидл.

Но на крајот, мораме да признаеме дека како тим не успеавме да го извлечеме максимумот во трката.

Двојното откажување за Мекларен ги чинеше многу бидејќи Алпин, нивниот директен ривал во шампионатот на конструктори, освои поени со двата болида кои се пласираа во првите десет, зголемувајќи ја предноста во однос на портокаловите на 19 поени пред финалето на сезоната во Абу Даби.

Два инциденти на патеката кои не беа навистина потебни и во исто време нашиот главен конкурент за четврттото место во првенството, Алпин, постигна голем успех.

Тоа не става во позиција каде што заостануваме 19 поени за Абу Даби, што очигледно ја отежнува борбата за четвртто место.

Под претпоставка ако возачите на Алпин не ја завршат трката на Јас Марина, на возачите на Мекларен ќе им треба минимум да завршат петти и шести и да го извозат најбрзиот круг за тимот да го порази својот противник.

Ние сме конкурентни, Ние сме спортисти и се додека има можност, едноставно ќе се фокусираме на себе, ќе се погрижиме уште еднаш да дадеме се од себе во Абу Даби. На крајот каков и да е исходот, ние треба да го прифатиме – додаде Сеидл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ