Сеидл: Либерти Медиа и ФИА ја модернизираа Формула 1

Извршниот директор на Групацијата Заубер, Андреас Сеидл, ја пофали работата што ја спроведоа Формула 1 менаџмент и ФИА во последните години за модернизирање на тркачката серија.

Либерти Медиа ги превзеде комерцијалните права на спортот во 2017 година и одтогаш, забележа голем раст на начини како што се гледаноста на трките, присуството на трките и влијанието на социјалните мрежи. Пред превземањето од Либерти Медиа, Ф1 беше познат како конзервативен спорт под владеењето на Берни Еклстон.

Но, Сеидл вели дека алтернативниот пристап преземен во последниве години сигнализира позитивна промена за Ф1.

Спортот ужива зголемена популарност, што е фантастична вест – вели Сеидл.

Либерти Медиа и ФИА направија одлична работа во модернизацијата на Ф1, како од регулаторна гледна точка, така и од начинот на кој таа се консумира од навивачите.

Новите технички и финансиски правила на ФИА постигнаа позитивни промени и спортот сега е многу поотворен и достапен за навивачите, што е во согласност со пристапот на нашиот тим насочен кон навивачите.

Сè што правиме има за цел да ги доближиме нашите навивачи до тимот. Ја цениме отвореноста, покажувајќи го нашиот вистински дух ги доближуваме нашите фанови.

Мислам дека е прекрасно да се види спорт населен со здрави тимови, со преполни трибини и светски интерес.

Сите ние играме важна улога во осигурувањето дека нашиот спорт е возбудлив и останува релевантен во иднина.

Сеидл презеде нова улога на чело на Заубер групацијата од оваа година , откако претходно беше тимски шеф на Мекларен. Неговото назначување беше објавено неколку месеци откако Ауди потврди дека ќе влезе во спортот во 2026 година во партнерство со Заубер. Алфа Ромео ќе се раздели со швајцарскиот тим на крајот од 2023 година, а Сеидл се надева на успешна последна заедничка година.

Партнерството на Заубер Моторспорт со Алфа Ромео беше успешно на и надвор од патеката. Еволуираше во модел на техничко и комерцијално партнерство и далеку ги надмина очекувањата во последните пет години.

Односот ни овозможи да развиеме глобална промотивна платформа која придонесе за зголемување на нашата позиција и кредибилитет кај партнерите и спонзорите.

Нашата цел за оваа година е, заедно со Алфа Ромео да продолжиме да ги подобруваме резултатите на тимот на патеката и да видиме дека фантастичната програма за враќање на Алфа Ромео оживува во текот на 2023 година, план што сме возбудени да го споделиме во наредните недели и месеци.

Алфа Ромео минатата година заврши на шестото место во шампионатот за конструктори, а Сеидл е убеден дека тимот може да оди уште подалеку во наредните години.

Видовме во 2022 година, на почетокот на новиот регулациски циклус, дека овој тим може да испорача силен болид и да напредува на гридот.

Клучно за нас е да продолжиме во оваа насока во наредните месеци и години. Она што сакам да го видам е напредок во секоја област од тимот, било во фабрика или покрај патеката.

Откако видов и неодамна доживеав како тимот се подготвува за оваа претстојна сезона под водство на нашиот технички директор Јан Моншо и оперативниот директор Аксел Круз, многу сум оптимист дека ќе го постигнеме тоа како тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ