Сеидл смета дека болната трка е потсетување дека треба работа

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, изјави дека тимот од Вокинг треба да учи од “болната“ трка во Недела во Мексико и дека истата треба да биде потсетување дека сеуште треба силно да се подобрат.

МЦЛ34 болидот изгледаше силен на квалификациите, но двајцата возачи изгледаа многу бавно откако променија од првичниот софт на тврдиот хард за време на трка. Ландо Норис загби многу време откако се направи грешка и при неговата промена на гуми по што реши да се паркира во гаражата по 50-тина кругови на патеката.

Ова беше прва трка по Големата награда на Белгија во Спа тимот на Мекларен да не освои поени откако имаа болид во топ 10 седум пати на последните десет трки.

ова беше навистина болна трка за нас откако имавме неколку добри трки по ред.

немавме никаков ритам на тврдите гуми тоа беше видливо уште на тренинзите и тоа мораме да го анализираме и разбереме. проблемот е поврзан со температурата на патеката или нешто слично.

откако имавме добри стартови со двата болиди го имавме проблемот при менување гуми со болидот на ландо кој ја уништи неговата трка. одлучивме да го повлечеме затоа што неколку параметри беа на лимитот и не сакавме никаков ризик од сериозно оштетување.

во однос на ритамот трката беше дефинитивно назадување и беше прв пат по некое време да видиме различен ритам на трка одошто двата претходно денови и мораме да направиме темелна анализа што се случи.

треба многу работи да научиме од оваа трка и едноставно да се поттсетиме дека имаме многу работа за д станеме подобра екипа. ваков ден е дел од процесот за да станеме подобри – потсети сеидл.

Германецот истакна дека Норис станал магнет за лоша среќа во тимот годинава и птосети дека двајцата возачи одлично се покажале и покрај проблемите. Сепак, трката не е страшна затоа што Рено освои само 5 поени и за толку ја намали предноста во првенството.

можеме да бидеме среќни што не загубивме повеќе поени во однос на Рено затоа што топ 6 болидите ја завршија трката на првите 6 позиции и немаше шанса да многу поени од нивна страна.

како што секогаш велам, не е готово додека не заврши затоа што ни треба чудна и неубедлива трка и можеме да ја загубиме предноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ