Сена го молел Прост да остане на гридот во 1994 година

Алан Прост откри дека Аиртон Сена го молел да ја повлече одлуката за пензионирање и да се врати на гридот во 1994 година за да и самиот тој остане конкурентен.

Епскиот ривалитет помеѓу овие двајца повеќекратни прваци секогаше ќе остане запамтен како еден од најголемите во Формула 1, но кога Прост решил да се повлече од Формула 1, Сена не бил задоволен од таа негова одлука.

На Австриското Гранд При во 1993 година, трка која требало д абиде последна за Прост во Формула 1, тој добил  понуда од Мекларен за 1994 година, понуда која дури и самиот Сена настојувал Алан да ја прифати.

аиртон се фокусираше на предизвикот давајќи 110% од себе. неговата најголема мотивација беше да ме победи исклучиво мене, иако јас не бев фокусиран само на него. поради тоа се пензионирав во 1993 година, а потоа сена никогаш повеќе не беше истиот. неговиот панцир кој го создаде за време на нашиот ривалитет повеќе го немаше, тој изгледаше кршливо и несигурно.

за 1994 година, имав понуда од мекларен кои го променија доставувачот на мотори и почнуваа д возат со пежо. два денови по последната гранд при трка во 1993 година, сена ми се јави и ме молеше да ја прифатам понудата на мекларен, искрено кажувајќи ми дека морам да останам во формула 1 затоа што никој од останатите не го мотивира како што го мотивирам јас. беше сензационално – откри професорот.

Двајцата беа колеги во Мекларен во 1988 и 1989 година, сезони кога тимот ги освои конструкторските титули, првата Сена беше возачки првак, втората Прост. Французинот се присетува на тој период кога сите го преферирале Сена, слично како кога Шарл Леклер дојде во Ферари во 2019 година и го фрли во сенка Себастијан Фетел.

не жалам што одбрав сена да ми биде колега затоа што размислував за доброто на екипата, но уште првата сезона почувствував дека присуството на аиртон беше многу посилно од моето. навивачите беа поделени помеѓу сена и мене, јас бев лошото момче, тој беше млад возач кој напредуваше додека јас бев помѓу постарите. слично се случи и во ферари со леклер и фетел.

Од најжестоки ривали, на крајот тие станале добри пријатели се до смртаа на бразилецот. Алан откри дека до ден денеска Бразил го чувствува како втор дом поради Аиртон и поради сето тоа смета дека нивното ривалство е најдобрата оставштина за спортот.

мојата сопруга е поврзана со аиртон. денеска бразил е мој втор дом, многу луѓе од таму ме следат на социјалните медиуми, а во контакти сум и со сестрата на аиртон, вивиен. ривалитетот кој постоеше за време на нашата борба го снема, а човечката страна преовладува. тоа е најубавото мешто што можевме да го оставиме на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ