📷 Уникатно обоен болид за Сена ќе биде изложен на Имола

Уникатно обоен болид на Аиртон Сена ќе биде атракција на претсојното Гранд При на Емилија Ромања следната недела, а потоа истиот ќе биде понуден на аукција годинава.

Уметнички дотераниот Мекларен е трансформиран како дел од проектот наречен ‘Senna Now’. Едната страна на болидот е обоена во стилот на три познати шари од кариерата на Сена, црно-златните бои во Лотус, Ротманс шарата во Вилијамс и секако Малрлборо инспирираниот Мекларен. Другата страна е дадена на францускиот уличен дизајнер Џисбар кој црпел инспирација од животот и кариерата на легендарниот трикратен шампион.

Самиот болид е дониран од италијанскиот колекционер, Џанлука Трамонти, и ќе биде прикажан во Музејот на Аиртон Сена на претсојното Гранд При на Имола, а се очекува да биде украс и на трките во Мајами и Монако годинава.

Планот за подоцна е болидот да биде понуден на аукција, а парите уплатени на Фондацијата Аиртон Сена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ