Серијата за Мекларен на Амазон од Февруари

Серијата на Амазон Прајн која ќе ја пренесе турбулентната и разочарувачка 2017 година на Мекларен Хонда во Формула 1 ќе почне да се емитува следниот месец.

Пред речиси една година екипата од Вокинг најави дека ќе работи со Амазон на серија за тоа што се случува “зад сцената“ во британската екипа, а телевизијата доби и непречен пристап во сите сегменти на Формула 1 екипата.

Амазон потврди дека серијата наречена Grand Prix Driver ќе има премиера на нивната Прајм стриминг платформа на 9 Февруари со сите 4 епизоди.

GRAND PRIX Driver ќе ги прнесе првите неколку месеци на Стофел Вандорн во Мекларен Хонда вклучително и напорниот тренинг режим, силно очекуваното претставување на болидот за 2017 година како и тестирањето во Барселона.

Прајм членовите на Амазон ќе имаат можност да ги видат предизвиците со кои се соочува екипата вклучително и фанатичното возење на Фернандо Алонсо во борба за својата 3та титула во кариерата, битката за спонзори на новиот извршен директор на Мекларен, Зек Браун како и процесот на градење на болид вклучително и инсталацијата на агрегатот на Хонда, нешто што никоја екипа претходно не го дозволила – гласи соопштението од Амазон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ