Сер Стерлинг Мос почина на 90 години

Утрово во својата 90та година од животот почина Сер Стерлинг Мос, Формула 1 легендата позната како најобдриот возач кој никогаш не освоил титула во Гранд Пти првенството.

‘Mr Motor Racing’ беше репер со кого се споредуваа сите негови колеги во сите тркачки серии откако се повлече неговиот друга и Формула 1 легенда, аргентинецот Хуан Мануел Фанџо во 1958 година. Додека возеа заедно, беше јасно дека тогаш помладиот Мос ќе го наследи искусниот Фанџо кога овој ќе се повлече.

Вниманието го привлече во 1948 година кога со својот Купер-ЈАП остави белег во тркањето со мотори до 500 кубни сантиметри, но тоа не беше доволно да ги убеди Јагуар да му дадат место во Дандрот Турист Трофеј во 1950 година.

Никогаш не успеа да победи на престижниот 24 часа Ле Ман, но победи во 1955 година на Миле Миља за Мерцедес, во 1958 и 1959 година на Нирбургринг 1000 километри и истата таа 1959 година на Турист Трофеј за Астон Мартинг. Оваа низа беше една од најдобрите серии видени во ендјуранс тркањето.

Мос мораше да чека долго за да има успех во спортските едноседи, неколку години се мачеше со неконкурентни британски машини за да во 1954 година дојде до Масерати 250Ф кој му го купија татко му Алфред и менаџерот Кен Грегори, а перформансите беа доволна препорака на Мерцедес да го земат кај себе во 1955 година каде му беше помошник на Фанџо во Формула 1, а до својата прва Гранд При победа стигна во Ентре во Британија кога Мерцедес доминираа со првите четири места.

Таа година заврши на второ место во спортот, исто како и во 1956 година кога возеше за Масерати и следните две потоа кога возеше за Вандвал. Таа 1958 година беше победен од Мајк Њуторн од Ферати во борбата а титула и покрај тоа што победи на четири трки, а Мајк на две.

Следуваше период кога возеше Купер и Лотус а приватни екипи, но во Лотус 18 на Роб Вокер стигна до славни победи против Ферари 156с на славното Монако во 1961 година.

Во Аргентина во 1958 година стигна до прва победа за Купер со болид со мотор поставен во задниот дел, а во 1961 година во Оултон Парк со Фергусон стигна до единствена Формула 1 победа со болид со погон на сите четири тркала.

Беше несомнено најдобар возач во Формула 1 тие четири сезони, а надоаѓачкиот Џим Кладк во 1961 година беше голема закана со него, а имаше и посилни болиди на располагање. Требаше да вози Ферари за тимот на Вокер таа година, но имаше необјаснив судар на Гудвуд на Велигден. Беше во кома и по многу месеци опоравување сфати дека веќе не може да вози со ист интензитет и реши да се пензионира.

Остана засекогаш дел од спортот, имаше многу улоги во Гранд При тркањето, вклучително и како коментатор, а во 1980 година се врати во Ауди за британскиот тјуринг шампионат, но тоа беше чисто деловен потег.

Често учествуваше и на историски настани како оној на Ле Ман во 2011 година, а секогаш беше присутен и на Гудвуд, легендарниот британски фестивал на брзината. Му се случи малерозен пад во дупката од лифтот на својата куќа, а во 2016 година поради болест се повлече од јавниот живот.

Тоа што Мос никогаш не стана првак е само поради бодовниот систем кој бил на сила додека тој се тркал, а не поради недостатокот на талент и брзина. За многу луѓе тој е вистински тркање, можеби најголема ѕвезда во Формула 1 и секако дел од велканите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ