Стирлинг Мос се повлекува од јавноста

Живата моторспорт легенда, Сер Стирлинг Мос, реши да се повлече од јавниот живот на возраст од 83 години и да се фокусира на своето здравје и семејството. Човекот кој многумина го сметаат за најдобриот возач без Формула 1 титула, ова го објави на неговиот вебсајт во порака пренесена од неговиот син, Елиот

До сите негови многубројни пријатели и фанови ширум светот кој го користат овој веб сајт за редовни вести, мојот татко одлучи дека е доволно.

По тешките инфекции на крајот од 2016 година и бавното и тешко опоравување, одлуката е направена да тој на 83-годишна возраст се ензиониран така што тој и мајка ми иамат многу заслужен одмор и да минат повеќе време еден со друг и со остатокот од семејството.

Целиот клан Мосови им благодари на сите за нивната љубов и поддршка низ годините и ви посакуваме среќна и просперитетна 2018 година.

Лани Мос мина неколку месеци во болница во сингапур поради инфекција на градите, состојба која бара долг период на заздравување и опоравување. Тој е 16-кратен победник на Гранд При трки и победувал во периодот 1955-1961 година со Мерцедес, Масерати, Ванвал, Купер и Лотус. Исто така во четири наврати го заврши светското пвенство на второто место.

Светла точка во неговата кариера е и победата на легендарната Миле Миља во 1955 година, каде управуваше со моќниот Мерцедес Бенз 300 СЛР и Денис Џенкинсон како копилот.

До неговото хиспитализирање во 2016 година тој патуваше секаде низ светот и тоа многу редовно, а учествуваше секогаш и на Гудвид фестивалот на брзината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ