Се продава имотот на Шумахер за 58 милиони евра

Имотот на Михаел Шумахер кој се наоѓа на брегот на Женевското езеро е ставен на продажба. 

Неговата жена Корина го продава имотот од 20,000 метри квадратни за 58,7 милиони евра. Се верува дека ова го прават бидејќи Михаел Шумахер, за кого не се знае здравствена ситуација, живее веќе неколку години на Мајорка во Шпанија. 

Овие вести доаѓаат само неколку денови откако неговиот рива,л Жак Вилнев, со кој имаа инцидент во 1997 година, изјави дека веќе не му е лут за ударот. 

Тоа што го направи Михаел ми помогна да победам. Не можам да се лутам, Тоа е како училиште. Доколку не се согласуваш со некој се бориш и сакаш да победиш.

Тоа што го победив Михаел беше посилно од победата над Ферари. Ферари не беше тимот кој требаше да се победи, Михаел беше тој. ТОј изгради тим околу него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ