Симондс ги разбира екипите што не го сакаат Андрети

Главниот инженер за отворени едноседи во ФИА, Пат Симондс, ја бранеше позицијата на тимовите и Формула 1 да не му посакаат добредојде на Мајкл Андрети. 

Андрети сега има подршка од Кадилак за влез во тркачката серија, но сеуште има противници помеѓу топ тимовите во спортот. Американецот Зек Браун од Мекларен го промени ставот и сега му посакува добредолде. 

Одамна не сме имале нов тим, а името на Андрети носи историја во спортот. 

Но, тој демантираше дека е вмешан во процесот. 

Не сум дел од процесот и знам дека Андрети работи со ФИА и Формула 1. 

Пат Симондс сепак го разбира ставот на тимовите што се противат. 

Нема ништо погрешно од тоа да има повеќе тимови во Ф1, Но сепак не сакаме да ни се случи тоа како со ХРТ.

Не сакаме изненадувања, Но не сум изненаден од ништо. Сега спортот стана профитабилен. Затоа не сакаат да се дели наградата на повеќе тимови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ