Сироткин доби ДТМ тест за Ауди

Годинешниот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин, ќе тестира ДТМ автомобил на Ауди на шпански Херез неделава.

Русинот беше резервен возач во Заубер и Рено, а годинава ја одработе тркачки се за Вилијамс, но по најлошата сезона во историјата на Вилијамс, заедно со своите спонзори реши да се повлечат од екипата од Гроув. Првенството го заврши со само еден поен освоен со 10то место во Италија поради дисквалификацијата на Роман Гроджан.

Вилијамс следната сезона ќе вози со Формула 2 шампионот Џорџ Расел и полјакот Роберт Кубица во својот болид.

ДТМ организира тест за дебитанти неделав во Херез, а Сироткин е дел од седумтемина кои ќе ги тестира Ауди пред да ги потврди своите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ