Сироткин: На Ботас му недостасува самодоверба

Се чини дека на Валтери Ботас му недостасува самодоверба во борбата со Хамилтон и Верстапен за титулата, смета поранешниот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин, кој направи своја проценка зошто Ботас заостанува во борбата. 

На трката крај Портимао се случи редок настан каде Тото Волф преку радио го контактираше финецот за да го мотивира во трката против Верстапен. Но, подоцна Тото призна дека повикот не бил најпаметната одлука. 

Тој навистина беше побрз, Но откако му се јавив на радио тој опадна во формата. Нема да го правам тоа повеќе – по малку на шега изјави австриецот.

Сироткин смета дека Ботас се мачи доста во борбата, но не знае зошто е тоа така. 

Тешко е да се погоди што е проблемот. Можеби е нешто лично и каков пристап има секој возач во борбата. Гледано од страна, му недостасува самодоверба.

На трка мора да си постави приоритет, дали ќе се брани или ќе напаѓа. Ботас сака да е на сигурно, но Секогаш било така со него. Верстапен и Хамилтон немаат сомнеж. Може да се борат без да ги оштетат гумите и имаат поконзервативен пристап. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ