Сироткин признава дека нема реални шанси за враќање во Ф1

Сергеј Сироткин признава дека шансите за враќање на Формула гридот се мнгоу мали во моментов.

Русинот по само една година во Вилијамс го загуби местото и сега е резервен возач на Рено. Тој се надеваше дека оваа година може да добие шанса за да извози една трка. 

Работата не е различна од претходно освен што е логистички потешко, но се надевам дека би седнал зад воланот – не губи надеж сергеј.

Младиот возач иако бара шанса во Ферари сега е дел од фабричкиот тим со Ферари 488ГТ3. 

Сакам да се приклучам во сите проекти на Ферари. За мене во овој момент на кариерата е најважно да се фокусирам на правилната одлука. Подобро е да се прават пријателства и да се бркаат соништата во Формула 1, но тоа е нереално. 

Уште еден руски возач најверојатно ќе ја заврши кариерата во Формула 1, Даниил Квјат, и најверојатно ќе биде заменет со Јуки Тсунода во АлфаТаури. 

Сеуште се надевам дека Дани ќе покаже силни перформанси. Не вреди да се зборува за тоа дека сигурно ќе биде заменет. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ