Стаинер: Критиките му наштетија на Мазепин

Гунтар Стаинер призна дека критики за време на предсезоната, насочени кон Никита Мазепин, му наштетиле на возачот на неговата прва трка. 

Младиот русин беше цел на крикити по социјалните медиуми за неговото однесување. Откако започна сезоната тој неколку пати се изврте, го прекрши џентлменскиот договор на квалификациите и не успеа да му парира на Мик Шумахер бидејќи се изврте во првиот круг. 

Никита беше вознемирен за тоа. Му реков да не се откажува и да продолжи со работа. Секако ништо добро не се случи, но не може да се промени тоа. Тој беше жесток кон себе. подготвен е да се врати на патеката и да нападне – откри гунтер стаинер.

Шефот на екипата признава дека критиките му наштетиле на Мазепин. 

Тој секогаш се труди да се докаже. Не знам колку му наштетиле, но мислам дека ќе биде во добра форма. Не сакам да ги обвинам директно критиките, но мислам дека и тоа има удел. 

Сергеј Сироткин смета дека тој бил под голем притисок и цел на напад. 

Неговата ситуација не беше лесна. Не зборувам за неговото деби, бидејќи се започна на крајот на сезоната во Формула 2.

Во Формула 1 добрите односи се клучни за успех. ТИе се развиваат од самиот почеток, а тој ни тука немаше помош. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ