Сите тимови имаат проблем со осцилациите

Алфа Ромео се убедени дека не се единствен тим кој има проблеми со осцилацијата која предизвика проблем со преносот. 

Швајцарскиот тим од почетокот на сезоната има проблем со стоечките стартови. Иако сметаат дека тешко ќе најдат решение, сепак техничкиот директор на Алфа Ромео, Јан Мончу, смета дека тој проблем е нормален за новите болиди. 

Се чини дека повеќе тимови имаат сличен проблем како нас. Се гледа на стартот како заостануваат бидејќи многу вибрираат. Тоа е поради тврдоста, тежината и позицијата на спојката заедно со новите гуми и потешкиот болид. ВО моментов е прерано да се каже кога ќе го решиме. Имаме достоен старт доколку се внимава и ако возачот е понежен со гаста и спојката.

Ботас влезе во К3 на првите две трки и се чини дека болидот е доста конкурентен. Нема сомнение дека болидот на Алфа е најлесен на гридот, но сепак Мончу смета дека не смее да застанат таму. 

Не сакам да коментирам за другите кои се жалат дека се претешки. Немаме проблеми и тоа ни помага во однос на тежината. Не зборуваме за разлика од 100 килограми, Но сепак, до Барселона, повеќето болиди ќе го решат тој проблем. Сега е предност, но мора да се фокусираме да остане така до крајот. Многу е скапо да се намали тежината на болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ