Смедли смета дека структурата на Мекларен не е добра

Роб Смедли смета дека во Мекларен постои ризик од новата техничка структура поделена помеѓу тројца инженери.

Во Март, екипата од Вокинг објави дека техничкиот шеф Џејмс Меј заминува од тимот, а неговата улога ќе ја превземат тројца инженери и тоа Петер Продрому и Нил Хадли кои беа дел од тимот, и новодојденецот од Ферари, Давид Санчез, иако тој до Јануари следната година не смее да работи поради задолжителното отсуство. Смедли смета дека новата структура претставува ризик и носи несигурност во однос на желбата на тимот да се врати кон врвот.

Секој од тројцата инженери во Вокинг ќе има свој технички дел за кој ќе биде задолжен, а Смедли не смета дека недостатокот на технички шеф ќе биде проблем колку можноста тројцата да не соработуваат добро.

има чиста граница до областите во кои тие ќе одлучуваат. имаат тимски шеф, тоа е андреа стела, чија работа ќе биде тројцата инженери да соработуваат добро заедно и да не дојдат во ситуаација во која ќе мислат дека некој од нив е слабата алка во синџирот.

штом дојдат во ситуација да гласаат со мнозинство за некоја ситуација, работата е готова. треба сите тројца да бидат на врвно ниво, сите да функционираат заедно како тим, да се потпираат еден на друг и само на тој начин ќе имаат силен болид – посочи смедли.

Поранешниот член на Ферари и Вилијамс, исто така посочи дека улогата на тимски шеф се повеќе се менува поради фактот што екипите стануваат се побројни во персонал.

еден технички директор е претерано сега затоа што екипите стануваат преголеми. како техничка организација вработуваат многу луѓе така што нивото на детали е преголемо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ