Сопственикот на Индикар не е исплашен од ширењето на Ф1

Сопственикот на Индикар тркачката серија и легендарниот автодром во Индијнаполис, Роџер Пенски, не смета дека ширењето на Формула 1 во Соединетите Американски Држави ќе влијае негативно на неговата серија.

Америка е земја со богата тркачка серија, а Формула 1 забрзано се шири “преку барата“ и годинава ќе има две трки на тој континент. Во Мај Мајами ќе биде домаќин на трка околу Хард Рок стадионот, настан судејќи според првичните рендери и фотографии ќе биде неверојатно престижен. Пет месеци подоцна Патеката на Америките во главниот град на Тексас традиционално ќе си ја одработи својата трка.

Следната година се додава уште една трка кога коцкарската престолнина, Лас Вегас, ќе стане најнов член на тркачкиот календар на трка која спроти традицијата ќе се вози во Сабота.

Пенске не гледа некаква конкуренција помеѓу неговата серија и Формула 1 за фанови, туку смета дека присуството на глобалниот спорт ќе донесе позитивни рабоди и за неговата Индикар.

мислам дека формула 1 ќе донесе повеќе фанови во индикар и дека нема да треба да се натпреваруваме за фанови. индикар е различен, имаме многу брзи овали какви што нема во формул 1, патеки каде се квалификуваат со просечни 370 кмч цели 16 километри како на индијанаполис.

второ, имаме улични патеки, имаме автодроми, големи и мали овали. така, разлики и тоа доста големи постојат многу, индикар е различен производ споредено со формула 1.

тие бараат голем телевизиски пакет овдека, а тоа е сам одобро за нас затоа што ако има моментум една тркачка серија и ако има добри бројки на гледаност, тоа е добро за гледачите и добро за нас – вели пенске.

По големиот успех на серијата посветена за Формула 1 на Нетфликс, се пишуваше дека Либерти Медиа сака да го купи најпознатиот американски автодром, Индијанаполис, сопственост токму на Пенске, но тој веднаш го демантираше тоа.

тоа е најглупавата работа која сум ја чул, да ви кажам, тоа нема никаква смисла за мене, не може да го поседувате индијанаполис без да имате можност да ја поддржите индикар и обратно. индикар е нула без индијанаполис и тоа сите го знаат.

нема доволно пари на светот кои ќе ме натераат да ја продадам патеката и немам потреба за тоа, јас не сум во овој бизнис за пари туку поради љубов кон спортот, конкурентноста, маркетингот и технологијата.

како семејство превземавме одговорност да го одржуваме иконскиот индијанаполис и да ја направиме патеката подобра. има луѓе кои се во состојба да продадат се, а јас сум од оние кои се во состојба да купам се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ