Со новите делови, Гасли цели на пол позиција

Иако се нема појавено во последнио квалификациски сегмент од Азербејџанското Гранд При низ улиците на Баку, Пјер Гасли се надева дека со новините кои АлфаТаури ги донеле во Франција, ќе може да се бори и за пол позиција.

Французинот е фрустриран од перформансите на АТ03 болидот сезонава откако тимот заостана во борбата во средина на поредокот и е во низа од три тркачки викенди без поени. По катастрофата во Австрија и со новите делови кои беа донесени од Фаенца, Пјер најавува борба.

искрено се надевам дека ќе можеме да се бориме за пол позиција, ќе видиме. ако успеам да се борам со перез и со хамилтон, ќе биде супер, тоа ми е целта – посочи 26-годишниот французин.

Најдобри квалификации за него годинава се 6то место низ улиците на Бакум така што смета оти тоа би било чекор во вистинска насока.

мислам дека не ни недостасува премногу, но многу е густо во средината на поредокот и 2-3 десетинки може многу да ве однесат нагоре или да ве спуштат надоле, дури 7-8 места.

полека се лизгаме кон опашката на поредокот на последните неколку трки, но се надевам дека со новините кои ги донесовме ќе се вратиме во борба за одличен резултат и ќе имаме одличен викенд. нетрпелив сум да видам каде развојот ќе не однесе и што ќе можеме да постигнеме.

По најдобрите квалификации на 6то место во Баку, следуваше неговиот најдобар резултат од 5та позиција, но тоа беше последен пат да освои поени.

не е лоша среќа, едноставно не сме конкурентни. последните неколку трки сме навистина пребавни и треба да бидеме искрени дека немаме перформанси и не сме силни како што бевме. очајно многу ни требаат новини кои ги имаме викендов и се надевам дека ќе испорачаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ