Според Мазепин, Строл незаконски ја превзел Форс Индија

Превземањето на Форс Индија од страна на Лоренс Строл во 2018 година било незаконско, смета Дмитри Мазепин, рускиот олигарх кој преку својата компанија Уралкали, исто така претендираше да го превземе тимот од Силверстон.

И двајцата милијардери сакале да го превземат банкротираниот тим, но Строл на крајот беше поуспешен. По банкротот на Форс Индија, ФРП Адвајзори беа повикани да најдат купувач. Мазепин и Строл дале понуда, повеќе за да обезбедат тркачко место за нивните синови Никита и Ленс. Лоренс Строл на крајот го купи тимот за 101 милион евра и го промени името во Рејсинг Поинт.

Мазепин го примами тимот преку компанијата за хемикалии, Уракали, и ќе дал понуда помеѓу 113,8 и 136,7 милиони евра, секако повеќе од Строл. Бидејќи пониската понуда на Строл била прифатена, Мазепин започнал со судска постапка.

Според The Times, случајот е пред Врховниот Суд на Англија, каде треба да се одлучи дали Уракали претрпеле финансиска загуба како исход од неуспешното купување на Форс Индија. Според ФРП Адвајзори, Строл бил избран бидејќи бил повеќе фокусиран кон оперативна помош, а не само превземање. Мазепин тврди дека неговата понуда била поатрактивна и сега бара двете понуди да бидат споредени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ