Почина Боб Фернли, поранешниот тимски шеф на Форс Индија

Фернли беше најпознат како тимски шеф на Форс Индија пред да работи со Мекларен во ИндиКар.

Долгогодишниот поранешен шеф на Форс Индија, Боб Фернли, почина на 70 годишна возраст.

Фернли беше јавното лице на тимот, сега Астон Мартин, во време кога сопственикот Виџеј Малија не присуствуваше на трките во текот на 2010те, а тимот повремено собираше подиуми.

Тој го напушти тимот со седиште во Силверстон во 2018 година кога Лоренс Строл го презеде тимот на средината на сезоната, преименувајки го во Рејсинг Поинт, кој ќе стане Астон Мартин за 2021 година.

По напуштањето на Ф1, Фернли помогна да се спроведе програмата на Мекларен за Инди 500 во 2019 година, но проектот пропадна кога Фернандо Алонсо не успеа да се квалификува за трката.

Последниот ангажман на Фернли во мотоспортот беше шеф на комисијата за едносед на ФИА од 2020 до почетокот на 2022 година, заменувајќи го Стефано Доменикали во улогата, додека тој исто така основаше фондација за помош на младите инженери, во партнерство со Универзитетот во Болтон.

Тој, исто така, имаше искуство во сериите КАН-АМ и ИндиКар во 1980те, при што неговата прва улога во Ф1 беше со сега веќе непостоечкиот тим Енсајн.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ