Според Рикардо, Фетел е уште гладен за Ф1

Даниел Рикардо смета дека неговиот поранешен тимски колега од времето во Ред Бул, Себастијан Фетел, сеуште е гладен да продолжи во Формула 1 по 2020 година.

32-годишниот Фетел, ќе замине од Ферари на крајот на одложената 2020 година и сеуште не ги потврдил своите планови, инсистирајќи дека ќе му треба време да анализира пред да донесе одлука за својата иднина.

Рикардо, кој ќе премине во Мекларен на местото на Карлос Саинз од следната година, а кој пак ќе го замени Фетел, се тркаше со германецот во Ред Бул во 2014 година.

Го познавам многу добро, верувам дека е сеуште гладен и конкурентен и сака да продолжи. Исто така, бидејќи е постар од мене. Така што, јас нема да бидам најстариот.

Ми се допаѓа Себ. Очигледно, бевме тимски колеги, но како конкурент тој придонесува кон спортот. Тој е еден од малкумина, или единствениот, кој не е на социјалните мрежи, а во исто време тој е еден од најуспешните возачи, но и најтаен. Тоа нуди мистерија околу него – вели дани/

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ