Според Чандхок, Норис може да мине во Ред Бул или Ферари

Со оглед на тоа што Мекларен ја започна 2023 година во многу лоша форма, можеби Ландо Норис бара преселба во друга екипа.

Поранешниот Формула 1 тркач, Карун Чандхок, вели дека слабите перформанси на Мекларен може да го поттикнат Ландо Норис да побара преселба во Ред Бул или Ферари. Откако падна од четвртото на петтото место во шампионатот за конструктори во 2022 година, Мекларен се чини дека дополнително уназади во раните фази од 2023 година.

На отворањето на сезоната минатиот викенд во Бахреин, Оскар Пиастри беше првото откажување на трката во 16от круг поради проблем со електрониката, додека Норис беше последниот класифициран тркач на 17то место, откако мораше да влезе во бокс неколку пати во текот на трката за да се справи со проблем со притисок во моторот на МЦЛ60.

Откако потпиша продолжување на договорот во Февруари 2022 година, Норис има договор со Мекларен до крајот на 2025 година. Како и да е, Чандхок сугерира дека британецот би можел да бара друго место на гридот, додавајќи дека договорот на Норис може да содржи клаузули за заминување кои би можеле да се активираат доколку перформансите на тимот од Вокинг не се подобрат.

Можам да ви кажам кој ќе размислува за преселба во Ферари или Ред Бул, тоа е младиот Ландо Норис – изјави Чандок.

Гледајќи каде се Мекларен, ние разговаравме пред сезоната дека Мекларен треба да го задржи и Зек Браун направи неверојатна работа да го договори Норис за тој четиригодишен период.

Се прашувам, ако се паметни, би создале некакви излезни клаузули. На пример, Мекларен ако не завршат во топ 4 во шампионатот за конструктори две години по ред, има ли опција Ландо да бара друго место?

Бидејќи надвор од традиционалните топ три тима, ги имате Фернандо и Ландо кои се вашите најдобри двајца возачи на гридот, нели? И фактот дека Норис се бори дури и да влезе во болид за топ 3, би помислил дека има малку фрустрација таму.

Откако дебитираше во Ф1 со Мекларен во 2019 година, Норис го постигна својот прв подиум во 2020 година, а потоа следеше со две импресивни сезони во кои удобно го победи тимскиот колега Даниел Рикардо. Откако се пласираше на најдоброто второ место во кариерата зад Рикардо на Италијанското ГП во 2021 година, Норис беше очајно несреќен што не ја освои својата прва победа на Руското ГП таа година, кога беше попречен поради дождот на патеката.

Сепак, со тоа што Мекларен падна во конкурентноста во 2022 година, британецот последователно не беше блиску до постигнување на својата прва победа на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ