Стаинер: Втора шанса за Илот не зависи од мене

Првиот човек на американски Хаас, Гунтер Стаинер, би сакал да му даде втора шанса за тренинг на Калум Илот, но сепак тоа зависи од Ферари, не од него. 

Британецот требаше да дебитира на првиот тренинг на Ајфелското Гранд При на Нурбургринг, но поради временските прилики не беше во можност да излезе на патеката. 

Шефот на Ферари, Матиа Биното, брзо потоа изјави дека Ферари ќе направат се што е можно за тој и Мик Шумахер да добијат втора шанса, за што Стаинер се согласува, но и појаснува дека не е негов избор. 

Го чекате со нетрпение, но разочарувачки е што не е до нас. Ние подготвивме доста работи за тој да вози и да биде подготвен.

Не сум зборувал од тогаш со Ферари за нивните планови, но ќе ме известат што планираат.

Има уште неколку трки. Тие зборуваат со нас и знам дека сакаат да му дадат втора шанса. ТОа зависи само од Ферари и никој друг – објасни гунтер.

Илот, сепак, успеа да влезе и седеше во гаражата на Хаас и ќе има шанса за истото и на наредните трки. Но Стаинер смета дека тоа е доста вредно иако е јасно дека не се споредува со возење на болидот. 

Секое искуство со Формула 1 тим е многу вредно, но сепак ништо не се споредува со возење на болидот. доколку добие втора шанса, тој веќе ќе ги знае процесите. Ова има вредност ама доста помала.

Секој кој доаѓа од Формула 2 е подготвен и треба да знае што го очекува во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ