Стаинер горд со Хаас во пресрет на посебниот јубилеј

Без разлика каде Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг ќе ја завршат својата трка во Недела, ќе има причина за славење за Хаас овој викенд на Имола, односно на следната трка во Монако.

*** Оваа вест беше објавена пред официјалната потврда од Ф1 дека трката во Имола е откажана поради временските услови ***

Шестата трка од сезоната во Формула 1 во 2023 година означува значајна пресвртница за американскиот тим бидејќи тие стигнаа до своето 150то Гранд При од нивното деби во спортот во 2016 година. Под водство на тимскиот шеф, Гунтер Стаинер, Хаас ги доживеа успесите и падовите во Формула 1, но успеа да се наметне како отпорен конкурент на гридот. Стаинер и целиот тим стојат горди, размислувајќи за патувањето што ги донесе до ова извонредно достигнување.

Пред трката за Големата Награда на Емилија Ромања овој викенд, италијанецот се присетува на своето посебно сеќавање од неговиот речиси осумгодишен мандат на чело на Хаас.

Она што се издвои за мене е кога стигнавме на тркачката патека во Мелбурн во 2016 година, бидејќи имавме толку многу луѓе кои велеа дека нема да успееме.

Успеавме, сè уште сме тука и тоа ме прави горд за целиот тим. Освоивме поени на нашата прва трка, што не се случило многу пати досега во историјата на Формула 1 – посочи гунтер.

На лично ниво, Стаинер вели дека започнувањето и градењето на Формула 1 тим и неговото водење на гридот било важно достигнување. Но тоа е, исто така, она што никогаш не би било возможно без непоколебливата поддршка и посветеност на сопственикот на тимот Џин Хаас.

За мене, тоа значи многу да се започне тим, за многумина е сон да основаат тим и јас можев да го направам тоа благодарение на Џин Хаас кој ни дозволи да го направиме тоа – додаде тој.

Сега сме во добра позиција и само се обидуваме да стануваме посилни и посилни, и ќе го направиме тоа.

Тимот започна во Формула 1 со Роман Гросжан и Кевин Магнусен. Данецот се тркаше со тимот до крајот на 2020 година, но се врати назад само неколку дена пред почетокот на сезоната во 2022 година, а по заминувањето на Никита Мазепин. Како возач на Хаас, Магнусен се натпреваруваше на 106 од сегашните 149 трки на тимот. Иако тоа беше фантастично возење, времето тече незабележано за 30 годишникот.

Тоа е голема бројка.  Не се чувствува толку многу бидејќи сето тоа помина многу брзо. Досега беше фантастично возење и имавме некои супер посебни моменти, се разбира на врвот е пол позицијата минатата година во Бразил, но имаше многу повеќе возбудливи моменти.

Отсекогаш беше екстра успешно чувството да се освојат големи поени со овој тим, бидејќи тоа е толку мал тим во многу голем спорт, кој се натпреварува против некои гигантски организации.

Навистина од вистински аутсајдери дојдовме до етаблиран Формула 1 тим. Ние сме сè уште едни од помалите, но растот и целокупното патување беа феноменални и јас сум многу среќен што бев дел од него досега и се надевам дека ќе имам уште многу години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ