Стаинер: Деловите од Ферари ни ги отежнуваат промените

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, признава дека врската на неговиот тим со Ферари и користењето на нивните делови им ја отежнува работата при промена на аеродинамичниот концепт. 

Како и сите тимови, Хаас мора да направи своја шасија и да го развива болидот, но американскиот тим купува многу делови од Ферари и тие влијаат на целиот концепт на болидот. 

Може секогаш да се проба различен концепт, но не значи дека веднаш може се префрлиме на концептот на Ред Бул. Имаме шасија да направиме наше ладење, но не може веднаш да се промени.

Мора да се работи многу, Но додека не сме 100% сигурни, зошто да не одиме натака. Можеби за наредната година ќе видиме, но Во моментов не треба да паничиме. Нашиот болид е силен во средниот ред – задоволен е гунтер.

Стаинер потенцираше дека големи промени оваа сезона се тешко изводливи.

Лесно е да се оди кон концептот на Ред Бул, Но суспензијата да не ја менуваме бидејќи се менува и шасијата.

Ќе мора да разгледаме за наредната година и дали може да внесеме воздух од некаде. Доколку го ископираме Ред Бул, не значи дека ќе бидеме побрзи. Но мора да размислиме добро за било која промена. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ