Стаинер: Доменикали беше клучен во проектот Хаас Ф1

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, го поддржа Стефано Доменикали во неговата нова улога како Главен извршен директор на Формула 1, откривајќи дека италијанецот бил клучен во доведување на екипата во првенството.

Хаас, кои имаат техничка соработка со Ферари од 2016 година, должат многу на поддршката од Доменикали, според Стаинер.

Го познавам Стефано долго време, тој е многу добар човек и Има големо искуство во спортот. Без Стефано, Хаас Ф1 немаше да биде тука. Можеби е чудно да го слушнете тоа, но на почетокот кога се обидував да го создадам сето ова, главниот човек со кој зборував беше Стефано. Тој беше човекот кој веруваше дека е возможно.

Кога Џин Хаас се согласи, тој помогна многу и веруваше во моделот кој сакавме да го создадеме и го поддржа.

Тој го разбира спортот многу добро и сигурен сум дека е среќен што е вратен во спортот. Тој беше во најважните моменти на Ферари со Шумахер и му посакувам повторно добредојде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ