Стаинер задоволен: 2022 година беше подобра од претходно

Гунтер Стаинер откри дека сезоната минатата година полна со подеми и падови земала многу енергија од екипата, но е благодарен затоа што минале многу подобро одошто година претходно кога само назаувале.

Пред две години, американската екиап се реши за дебитантски тандем возачи во Никита Мазепин и Мик Шумахер и го донесе рускиот гигант Уралкали за главен спонзор, но решија да не го развиваат пакетот и да се насочат на 2022 година и новата реулгатива која тогаш стапи на сила.

ако имате константна форма е најдобро, но секако е добро да имате сезона каде имате и подеми, а не само падови и не само назадување. тоа одзема могуу енергија од вас затоа што имате подеми кога сте расположени и задоволни, но и падови од кои треба да се извадите и поради сето тоа е многу тешко. на крајот, многу подобро е да имаме луда сезона како лани одошто очајна како во 2021 година – посочи стаинер.

За разлика од пред две години кога возеа без развој, за сезонава која претстои тие си го задржаа искусниот и проверен Кевин Магнусен, а наместо Мик Шумахер кој не го испорача очекуваното, во тимот дојде искусниот Нико Хулкенберг, така што развојната насока е очигледна. Стаинер смета дека германецот ќе донесе многу искуство во тимот која ќе му помогне со перформанси, развој и резултати.

знаеме дека можеме да го постигнеме тоа што го сакаме, само ни недостасува константност. на тоа работиме и тие се причините поради кои сакавме искусен возач за да не подобри.

како екипа мораме да се подобриме, да ги подобриме процесите, да ги наместиме луѓето на вистинските места и други ситници кои ќе не направат посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ