Стаинер за разделбата со Мазепин: Постапивме исправно

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, посочи дека тимот не погрешил кога решил да се раздели од својот руски возач, Никита Мазепин, во пресрет на почетокот на минатата година.

По руската инвазија на Украина во Февруари лани, Хаас најпрво го прекина еднострано договорот за спонзорство со рускиот гигант Уралкали, а потоа му даде отказ и на Никита Мазепин, синот на најголемиот акционер во Уралкали. 

Како итна замена за Мазепин, беше доведен данскиот возач Кевин Магнусен, кој до 2020 година возеше за тимот, а секако дека ваква рокада беше нешто што влијаеше на екипата.

не можевме да донесеме поинаква одлука по инвазијата над украна и ако се вратам назад, постапивме правилно. финаниски немавме проблеми, но секако дека ни го поремети почетокот на сезоната и не бевме онаму каде што планиравме. но, штом дојдовме во бахреин, моравме да се соземеме затоа што во формула 1 се се случува претерано брзо.

нема враќање назад, само се трудевме да извадиме најмногу од тоа со што располагавме и да ја користиме секоја можност. беше голем предизвик, но и можност – посочи стаинер.

На првата трка во Бахреин, тимот беше награден со поени за 5то место на К-Маг, кој имаше топ 10 пласмани и на трките кои следуваа. Тимот имаше подеми и падови во текот на сезоната, оп што заврши на 8мо место кај коснтрукторите на крајот од годината.

Во однос на сезоната која следува, со спонзорството од Маниграм, тимот се надева на поголема стабилност.

не се работи само до финансиите туку и фактот што маниграм е стабина и добра компанија, која иако е американска, 75% одделовните активности ги обавува надвор од сад. фактот што сакаат да бидат дел од нашиот проект покажува колку добра е формула 1, а тоа што не одбраа нас многу ни годи и им покажува на нашите вработени и фанови дека сме на вистинскиот пат.

мислам дека имаме еден од најцврстите тимови во падокот, има 10 одлични екипи, а ние сме дел од нив. исто така, маниграм се само потврда за нашата работа, фактот што не одбраа нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ