Стаинер изненаден од формата на Хулкенберг

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека не очекувал неговиот нов возач, искусниот Нико Хулкенберг, да биде биде толку силен на почетокот од сезоната.

Германецот ја има својата прва цела сезона во Формула 1 од 2019 година откако во 2020 и 2021 година возеше само како замена во Рејсинг Поинт и Астон Мартин. Германецот имаше топ 10 квалификации во Бахреин и Австралија, таму беше побрз од колегата Магнусен, а првите поени ги освои во Мелбурн кога заврши на одлично 7мо место.

за нико откако се врати по три години паиуза, изненадени сме што е толку силен од почетокот. очекував да биде силен, но формата да му се подобрува во текот на годината, така што останав зачуден како е силен на почеокот, уште на првите трки – задоволен е стаинер.

Италијанецот се надева дека возачот ќе ја задржи формата и во текот на летото.

не знам дали е дојден до врвот или има уште во него, би бил среќен ако е подобар во останатиот дел од сезоната. но, како и да е, задоволни сме од работата која ја врши.

Како дополна, Гунтер посочи дека германецот носи одлична атмосфера благодарение на прагматичниот пристап.

носи одлична атмосфера во тимот во моментов, сите сакаат да работат со него, бара многу, но на убав и добар начин. никогаш не притиска за некои работи за инат и секогаш добро објаснува зошто сака да се следи некоја насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ