Стаинер: Илот нема да биде оценуван по темпото

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека возачот од Aкадемијата на Ферари, Калум Илот, нема да биде оценуван по неговото првично темпо кога ќе вози на Т1 во Петок во Германија.

21-годишниот Илот, ќе го замени Роман Гросжан во првата тренинг сесија на Нирбургринг. Тој моментално е на второ место во Формула 2 пласманот, со 3 победи и 4 пол позиции во 2020 година.

Програмата ќе биде иста како и за нашите редовни возачи. Можеби ќе побараме да внимава малку повеќе кога ќе вози бидејќи се очекува дожд. Освен тоа, секогаш сакаме да поминеме низ регуларната програма знаејќи дека ова ќе биде негова прва сесија во Формула 1 болид. Има многу притисок, многу непознати работи.

Не гледаме премногу кон темпото, времињата, гледаме кон постојаност и податоците кои тој ќе ги сподели со нас. Таму го оценуваме како возач, не според темпо, бидејќи 90 минути не се премногу. Ќе се обидеме да добиеме податоци назад, а тој да има добро искуство со нас – објасни гунтер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ