Стаинер искрен: Ни пол позиција немаше да го спаси Мик

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, посоч дека дури и пол позиција на Бразилското Гранд При немало да му помогне на Мик Шумахер да си го обебеди своето место во тимот за следната сезона.

Екипата вчера најпрво потврди дека во иднина нема да ги користи услугите на младиот германец за потоа да официјално да го промовираат Нико Хулкенберг за свој нов возач од 2023 година.

Стаинер откри дека одлуката биле неодамна донесена, а Шумахер бил информиран во Среда, ден пред официјалното соопштение, додека Нико потпишал договор истиот ден.

никаков резултат немаше да ја промени нашата одлука затоа што не можеме да носиме одлуки врз база на емоци од една трка или едни квалификации, тоа е погрешно и може да ни се врати како бумеранг – свесен е гунтер.

Тој призна дека серијата судари и грешки на Шумахер на почетокот на годината му го отежнала останувањето во тимот, но и дополни дека секогаш ја гледале “големата слика“.

сударите и грешките секако дека се дел, се судираше, а тоа не е воопшто добро. не се обидувам да се правдам, но кога ќе видите коклу големо влијание имаа неговите добри резултати, тогаш беше јасно дека балансиравме помеѓу добро и лошо.

пласманот на силверстон и во австрија беше добар, сударите не, така што имаше од се по нешто. немаше еден настан на кој ја базиравме нашата одлука, туку комбинација на работи, а крајна цел за нас беше дека сакавме напредок.

мик многу се подобри во текот на сезоната, но тоа не морам да го кажувам, тоа е очигледно. поради тоа ни требаше долга анализа пред да донесеме одлука, не сакавме да донесеме одлука пред летото, сакавме да не погрешиме, а тој ни отежнуваше со неколкуте одлични трки што ги одработи.

Запрашан дали Мик ќе недостасува во екипата, тој изјави:

мислам дека искуството од две формула 1 сезони само со нас зборува доволно. нико ни носи искуство од три или четири екипи каде претходно бил, има искуство и знае што е потребно, а на нас тоа ни треба во моментов и немаме време затоа што мораме да напреднеме и мораме да се подобриме.

Тој одби да каже дали смета оти Шумахер не ги оправдал очекувањата.

тоа е тешко да се каже затоа што чии се тие очекувања. можеби во моментов гледаме работи во тимот кои треба да ги поправиме, можеби ќе бидеме посилни со некој друг, да ги тргнеме настрана перформансите, треба да ја подобриме екипата, не само да ги промениме возачите.

не е мик виновен што сме овдека каде што сме, екипата е виновна, но мораме да најдеме најкус пат за да станеме конкурентни и поради тоа решивме да донесеме возач со многу искуство кој знае како се работи во ваква ситуација.

Во врска со тоа дали 23-годишникот заслужува да си најде место во друга екипа, тој посочи:

не можам јас да судм за тоа, миислам дека повеќе нема слободни места за следната година освен во вилијамс ако не успеат да си го остварат планор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ