Стаинер: Клиентските тимови може да успеат и покрај новите производители

Гунтер Стаинер од Хаас смета дека клиентските тимови може да успеат и покрај тоа што има нови производители на мотори во спортот. 

Хонда се враќа со полна пареа во 2026 година како фабрички производител со Астон Мартин и со тоа, бројот на производители на мотори се зголемува на шест по влезот на Ауди и Форд.  Стеинер смета дека тоа нема да им направи проблем. 

Мислам дека нема потреба да си фабрички тим, треба да се гледа неколку години напред. Во моментов сите бараат некакви решенија, но мислам дека не треба сите да се фабрички тимови.

се чини дека четири тимови ќе имаат клиентски статус, а Ние ќе бидеме еден од нив. Не сакам да звучам негативен, но производителите доаѓаат и си одат, а ние сакаме да останеме. Можеби некои тимови ќе сакаат да променат производител, Ќе видиме како ќе биде. 

Стаинер потенцираше дека и клиентски тим може да успее како што е примерот со Астон Мартин и Мерцедес. 

Имаме еден пример, Астон Мартин. Со кој мотор вози? Мерцедес. Каде е Астон? Пред Мерцедес. Мора да се живее во реалноста.

Може клиентски тим да е подобар од фабричкиот, Но не знаеме кој ќе си ја заврши подобро работата од производителите. Може да се сонува за многу сценарија, но фактот дека клиентски тим е подобар од фабрички не значи дека фабричкиот е лош. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ