Стаинер: Магнуен е ментално многу посилен од претходно

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека неговиот дански возач, Кевин Магнусен, ментално е далеку посиле одошто при неговиот претходен престој во Формула 1.

Хаас не го продолжи договорот на К-Маг на крајот од 2020 година, решавајќи 2021 година да ја работат со двајца дебитанти, Мик Шумахер и Никита Мазепин. Но, на почетокот од минатата сезона, по руската инвазија над Украина, американската екипа реши да го отстрани од тимот својот руски возач и во последен момент да го донесе Магнусен во екипата.

Данецот ја заврши сезоната со шест поени, а стигна и до пол позиција на Интерлагос во Ноември по што следуваше луда прослава во екипата. Тој во свое неодамнешно интервју откри колку ужива во спортот по неговото враќање на гридот, а шефот Стаинер посочи дека возачот е далеку подобар од претходно.

веројатно се годините и тоа што стана татко, сега е сосема поразлична приказна за него. работата е психолошка, има далеку повеќе самодоверба, ментално е многу силен. во моментов е далеку подобар одошто беше претходно – посочи гунтер.

Кевин има повеќегодишен договор кој го потпиша при неговото враќање на гридот лани, така што неговиот втор престој во Формула 1 нема да биде кус.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ