Стаинер: Магнусен има пет трки да се поправи

Кевин Магнусен има проблем оваа година да го задржи местото во Хаас за наредната година. 

Тој е добро запознаен со тимот бидејќи возеше за Хаас од 2017 до 2020 година пред да добие отказ. Минатата година тој се врати во Формула 1 покрај Мик Шумахер, но годинава, германецот беше заменет со Нико Хулкенберг, а Магнусен има послаби резултати од германецот. 

Кевин не е во добра позиција во моментов и заостанува зад Нико. Среќен е со тимот и знае што може да направи со болидот, но сеуште работи на тоа.

Се работи за перформанси и во моментов сум оптимист за него. Ќе видиме на наредните пет трки до каде сме и ќе почнеме да размислуваме – најави гунтер стаинер.

Стаинер изјави дека во Мелбурн разговарал со Рикардо како потенцијална замена. 

Се надевам дека оваа година пред летната пауза ќе ги потврдиме возачите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ