Стаинер негира дека надградениот болид е копија на Ферари

Тимскиот шеф на американски Хаас, Гунтер Стаинер, застана во одбрана на својата екипа по коментарите дека надградениот болид откриен во Унгарија би можел соодветно да се опише како “бело Ферари“.

Само Кевин Магнусен ќе биде зад воланот на долгоочекуваниот надграден болид на американскиот тим овој викенд во Будимпешта, а раните фотографии од болидот откриваат клучни визуелни сличности со болидот на Ферари за оваа година. Стаинер отворено признава дека Хаас биле само инспириран од аеродинамичниот концепт на Ферари.

Би рекол дека многу наликуваме на ферари, но Дали нешто не е во ред со тоа?

На прашањето дали очекува да биде обвинет за копирање, Стаинер возврати:

Очекувам да бидеме брзи. Ако некој каже дека сме копирале, јас би рекол зошто би ги копирале Вилијамс? Да не бидам суров, но тоа е сосема поинаков концепт и тие се побавни од нас.

Значи, ако копирате, го копирате најдоброто, а во моментов тоа се Ферари и Ред Бул.

Имаме ист мотор како Ферари, ист менувач и ја имаме истата суспензија. Тие победуваат на трки, па зошто да ги копираме другите? Еден плус еден сепак е еднакво на два.

Мик Шумахер ќе го вози болидот со постара спецификација во Унгарија овој викенд поради серија несреќи кои ги искористија скоро сите резервните делови на тимот. Но, Стаинер инсистира дека ќе биде корисно да се споредат старите и новите спецификации.

Само се надевам дека ќе можеме да видиме во податоците дека болидот го прави она што треба да го прави.

Можеме да ги ставиме новиот и стариот болид рамо до рамо. Ако податоците покажат дека сме го направиле вистинскиот избор, тогаш само треба да го најдеме вистинското поставување.

Тоа е следниот чекор, затоа што мора да ја искористиме потисната сила на најдобар можен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ