Стаинер незадоволен: Стјуардите не уништија

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека официјалниет лица го уништиле тимот на Италијанското Гранд При.

ВФ-22 болидот се мачеше со перформанси цел викенд на брзата патека која бара ниско ниво на потисна сила, иако дбраа да донесат свежи компоненти на двата болиди. Трката на Кевин Магнусен беше уништена на почетокот кога имаше контакт со Валтери Ботас од Алфа Ромео по што се уништи дифузерот, а потоа доби и пет секуди казна за пресекување на шиканата.

овој викенд едноставно бевме уништени од официјалниет лица. кевин имаше инцидент на стартот и неговиот дифузер беше оштетен, а потоа и доби казна затоа што не можеше да остане на тркачката линија за што сметам дека беше сосема несоодветно казнет – смета гунтер.

Ми Шумахер беше на алтернативна стратегија, почна со медиум со кои имаше план долго да вози пред да промени на софт за последната серија за да биде побрз при крајот. Успеа да финишира на 12то место, иако незадоволството беше што трката заврши зад безбедносно возило.

немам намера да го дискутирам крајот на трката поради тоа што се случи, а не требаше да се заврши на тој начин. мик одработе фантастично за да стигне на 12то место со оглед на тоа колку возеше викендов и каков пакет имаше на располагање.

Малата американска екипа го задржа 7то место во поредокот, но АлфаТаури се доближија на само поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ