Стаинер: Нема да бидеме силни на Монца

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, посочи дека фокусот на тимот во Италија ќе биде собирање податоци за темпото на болидот ВФ-22. 

Хаас се во блиска борба за седмата позиција кај конструкторите против АлфаТаури и Астон Мартин. Сепак шефот на тимот не е оптимист дека патеката ќе му одговара на болидот. 

Нема да сме силни на Монца. Таму се возат големи брзини и потребна е мала потисна сила која не му одговара на нашиот болид.

Оваа година не сме во позиција да се бориме таму, но работиме на решенија за наредната година.

Сега ќе собираме податоци за развојот за наредната година. Ќе дадеме се од себе, но можеби ќе заврне. Само така ќе имаме шанса, инаку оваа трка е доста предизвикувачка за нас – посочи гунтер.

Дизајнерите на Хаас се во Маранело и Стаинер е оптимист дека ќе ги решат проблемите за наредната година. 

На почетокот на минатата година ја отворивме канцеларијата во Италија. Започнавме од ништо и направивме многу, Научивме доста и веќе работиме на новиот болид за наредната година. Веќе неколку месеци работиме на дизајнот за да имаме добар болид за 2023 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ