Стаинер не е убеден од Шумахер: Тој не е константен

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека Мик Шумахер треба да биде поконстантен ако сака да го задржи своето место во американскиот тим за сезоната во Формула 1 во 2023 година.

Откако Кевин Магнусен потпиша повеќегодишен договор, допрва треба да се одлучи кој ќе му биде партнер во Хаас следната сезона, додека договорот на Шумахер завршува на крајот од оваа сезона. Германскиот возач ги освои првите поени во својата Формула 1 кариера на Британското Гранд При, по што следуваше шестото место во Австрија, но тој се бореше да ја повтори таа форма на константна основа.

На прашањето за статусот на седиштето на Шумахер во Хаас следната година, Стаинер изјави:

Тоа сè уште не е решено. Ќе бидам искрен, не знаеме дали Мик ќе остане или не. Тој испорача многу добри трки во Канада, Британија и Австрија, Но му недостасува доследност, константност и ќе мора почесто да прикажува силни настапи.

Не брзаме во врска со прашањето на возачот и Мик сè уште има шанси да покаже што може да направи.

Неколку имиња се поврзуваат со седиштето, вклучувајќи ги Нико Хулкенберг, Даниел Рикардо и Антонио Џовинаци. Италијанскиот возач тестираше за тимот во Т1 на Големата Награда на Италија и истото ќе го направи на трката за Големата награда на САД во Октомври. Стаинер призна дека разговарал со тие возачи, изјавувајќи:

Тоа е моја работа. Сè уште нема ништо конкретно. Во секој случај, сакаме да преземеме само најмал ризик за развојот на тимот. Може да преземете голем ризик, што е одлично ако успее, но лошо ако не.

Нема никој на пазарот од оние што моментално возат – објасни Стаинер на прашањето дали се одлучуваат за поискусен возач како Магнусен.

Освен Даниел Рикардо можеби. Неговата форма не е одлична во моментов и не знаеме што ќе направи. Можеби ќе земе една година одмор. Зборувам со сите, како што реков.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ